Германскиот легендарен фудбалер Лотар Матеус, го нарече Кристијано Роналдо најголемо разочарување на Мундијалот во Кaтар.
Тој кажа дека Роналдо со своето его не само што си наштетил на себе, туку и на селекцијата на Португалија, и го нарече сосема спротивност од Меси.
„Кристијано Роналдо е најголемото разочарување на овој Мундијал. Целосна спротивност од Лионел Меси. Роналдо со своето его се повреди себе си, и својата селекција. Беше одличен фудбалер, сега само го уништува тоа што го има создадено. Околу иднината, искрено не би можел да го замислам во друг клуб. Дури ми е жал за него“, напиша Матеус во колумна на „Билд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА