„Роналдо е слепец кој мисли дека може да игра до 50 години“

Формата на Кристијано Роналдо очигледно се движи во надолна линија, што е доволен повод за критичарите да се јават и да го кренат гласот против португалската суперѕвезда.

Антонио Касано е еден од оние кои си создадоа име како аналитичари плукајќи по се и сешто, а поранешниот италијански напаѓач не штедеше критики кон Роналдо.

„Дали дал повеќе од 800 гола? Да. Дали освојуваше трофеи? Да. Тој е навистина добар играч, но да се игра добар фудбал, тоа е нешто сосема различно што е за Роналдо непознато. Да речеме, Зидан и Иниеста немаат дадено ни половина од неговите голови, но се фудбалски генијалци, нешто што тој никогаш нема да  биде. Роналдо едноставно нема храброст да си признае дека веќе не е истиот играч од пред неколку години. Ќе беше вистински потег летово по СП да заминеше во Спортинг и во клубот каде ја почна кариерата да се збогуваше со фудбалот. Сепак, тоа не е Роналдо, тој е слепец кој верува дека може да игра на високо ниво до 50 години. Има ужасно его, па дури и не му се јави на Карим Бензема, кој му важи за пријтел, за да му честита за Златната топка“, критикуваше Касано.

Се вчитува...