„Роналдо е убиец, а Меси те мачи и гуши пред да те убие“

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Вејн Руни ги спореди двајцата најголеми фудбалери во последните децении.

И покрај тоа што е поранешен соиграч на Кристијано Роналдо, Руни верува дека Лионел Меси е подобар од Португалецот. Руни загуби две финалиња во Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед во 2009 и 2011 година, кога Аргентинецот играше за Барселона.

„Кристијано Роналдо е безмилосен во шеснаесетникот, вистински убиец, но Меси ќе те измачува и гуши пред да те убие“, изјави Вејн Руни на прашањето кој од двајцата легендарни играчи прв би го избрал за својот тим.

Во меѓувреме, Вејн Руни се посвети на тренерската работа, моментално е на клупата на американскиот ДиСи Јунајтед, Лео Меси повеќе не е во Барселона, туку во Париз, додека Кристијано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...