Роналдо ефект: „CR7“ му донесе милионска заработка на Спортинг (ФОТО)

Поранешниот клуб на Кристијано Роналдо, Спортинг по повод 20-годишнината од неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед се одлучи третата гарнитура на дресови да ја посвети токму на најдобриот фудбалер кој заиграл за клубот, а овој потег ќе му донесе на португалскиот клуб милионска заработка.

Имено, дресот на кој што е поставено лого „CR7“, а вреди 95 евра, односно 85 евра за фановите со сезонски билети беше распордаден за само неколку денови. Продажбата на 10 илјади дресови донесе профит од речиси еден милион евра, а наскоро се очекува и втор „бран“ на продажба кој ќе ја надмине цифрата на седум броеви.

Се вчитува...