Португалија и Словенија преку продолженија, а можеби и низ пенал-рулет, ќе го одлучуваат патникот во четвртфиналето на ЕВРО 2024 откако во регуларниот дел од осминафиналето одиграа без голови во Франкфурт.
Португалија беше подобар тим на терен во првиот дел, но Кристијано Роналдо не успеа да реализира од неколку убави можности.
Последната можност за гол Роналдо ја имаше во 89. минута кога се најде во извонредна позиција осамен пред Облак, но словенечкиот голман му го одбрани и тој шут.
Словенците, пак, во второто полувреме ја имаа најголемата шанса на мечот но Шешко не успеа да реализира откако по брз контранапад изби сам, очи во очи, со голманот на Португалците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА