Кристијано Роналдо вчера против Рајо Валјекано одигра 45 минути и беше единствената замена во тимот. Португалецот очигледно е незадоволен од тимот, а тоа уште една го покажа по крајот на првото полувреме.
Имено, дел од навивачите на Манчестер Јунајтед го сликале напаѓачот како го напушта стадионот веднаш по првото полувреме. Ваквиот потег ги налутил повеќето навивачи, а клубот одби да го коментира неговиот потег.
Веќе не е тајна, Португалецот е незадоволен и сака да го напушти клубот и да игра за некој што ќе игра во Лигата на шампионите, се споменуваа голем број на клубови, наводно Мендеш им рекол на „Ѓаволите“ да ја кажат цената и дека Роналдо има понуда од „ривалски клуб“.
Ќе видиме дали е тоа Челси, како што се шпекулира, или е некое друго име. Јунајтед беше цврст во намерата да го задржи Кристијано до крајот на договорот, но во тоа тешко дека ќе успеат.
Сепак, соочени со неизвесноста околу останувањето на Португалецот, тие се во потрага по напаѓач, според англиските медиуми, списокот е намален на две имиња. Едниот е Бенџамин Шешко, Словенец од Ред Бул кој има само 19 години, а другиот е Саша Калајџиќ, напаѓач на Штутгарт и момче чии родители се Срби од Босна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

