Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо во јануари се приклучи во Ал-Наср и со тоа го отвори патот на европските ѕвезди во фудбалското првенство на Саудиска Арабија.
Откако Бензема веќе се договори со Ал-Итихад, а на добар пат кон Саудиска Арабија е и Н’Голо Канте, Португалецот изјави дека тој е најголемиот виновник за оваа експанзија на европски фудбалери во оваа земја.
„Знам дека моето доаѓање во Саудиска Арабија ги отвори вратите и не погрешив. Сигурен сум дека во наредните две-три години оваа лига ќе стане една од најзначајните на светот. Тоа веќе сега можеме да го видиме. Доаѓа и Карим, сигурен сум дека ќе дојдат и други играчи. Тоа што го сакаме е повеќе ривалитет, кога постои ривалство, профитира пазарот“, прокоментира Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

