Роналдо го допре дното – не е избран ниту во идеалниот тим на лигата на Саудиска Арабија

Разочарувачката сезона на Кристијано Роналдо беше надополнета со уште една фрустрација за португалската суперѕвезда, откако Роналдо не беше вклучен во идеалниот тим на Лигата на Саудиска Арабија.

Роналдо дојде како големо засилување за Ал Наср по СП во Катар, но Португалецот се покажа како огромно разочарување. Иако успеа да постигне 14 гола на 16 натпревари, Ал Наср влезе во резултатска криза откако тој пристигна во тимот, па оваа екипа и покрај мегатрансфер не успеа да освои ниту еден трофеј, ниту пак да обезбеди учество во Лигата на Шампионите на Азија за наредната сезона.

Токму поради ова, во напаѓачкото трио беа вклучено Игало, Батна и Ал Бураикан, во средниот ред се Бразилците Каку, Ромарињо и Луиз Густаво, најдобар голман во лигата е Грохе, додека одбранбената линија ја сочинуваат Олајан, Хегази, Конан и Шарахили.

Кога во еден ваков „дрим-тим“ нема место за Кристијано Роналдо, јасно е дека постои сериозен проблем, па не се изненадувачки најавите дека тој летово би можел да си замине од Саудиска Арабија.

Се вчитува...