Роналдо го надмина Ференц Пушкаш

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо го урна рекордот на Ференц Пушкаш и стана најдобриот европски стрелец во историјата со 85 гола. Тој за својот национален тим стрелаше и против Мароко, со што го надгради хет – трикот од дуелот со Шпанија (3-3), и засега е прв стрелец и на Мундијалот во Русија. Роналдо ќе ја ‘напаѓа’ и бројката од 100 гола во националниот дрес на Португалија, до крајот на кариерата.

Пушкаш зад своето име има 84 погодоци за селекцијата на Унгарија во периодот од 1945 до 1956 година.

Се вчитува...