Роналдо го најави крајот: Моето семејство ми вели дека е време да престанам

Кристијано Роналдо присуствуваше на гала-церемонијата на доделувањето на Португалските фудбалски глобуси во вторник, каде што му беше доделена специјална награда, и уште еднаш го покажа ентузијазмот и амбицијата што продолжуваат да го водат и во националниот тим и во Ал-Наср.

40-годишниот португалски капитен мирно зборуваше за сегашноста, иднината и задоволството што сè уште го чувствува претставувајќи ја Португалија , која се стреми да обезбеди место на следното Светско првенство.

„Мора да размислуваме за сегашноста, натпревар по натпревар. Очигледно, нашата цел е да одиме на Светското првенство во 2026 година и да го освоиме, но мора да одиме чекор по чекор. Сега имаме овие два натпревари и, како што рече тренерот Роберто Мартинез, мора да уживаме во моментот. Играме дома, пред нашите навивачи, и знаеме дека кога играме дома сме доста силни“, рече Роналдо.

„За мене е гордост да играм за репрезентацијата. Секогаш ги чувствувам Португалците покрај нас, без разлика дали натпреварот оди подобро или полошо – тие секогаш ни помагаат. Сигурен сум дека следните натпревари ќе поминат добро и ќе се квалификуваме за Светското првенство“, вели Роналдо.

Тој признава дека во моментов неговото семејство му врши „притисок“ да престане со фудбалот.

„Луѓето, особено од моето потесно семејство ми велат: ‘Време е да престанеш, веќе си направил се. Зошто сакаш да постигнеш илјада голови?’. Но, јас не мислам така. Мислам дека и натаму правам добри работи, му помагам на мојот клуб и на репрезентацијата, а зошто да не продолжам? Сигурен сум дека кога ќе завршам, ќе заминам задоволен затоа што секогаш давав се од себе. Свесен сум дека немам многу години пред мене, но се обидувам максимално да ужувам во времето кое ми останува“, рече Роналдо.

Се вчитува...