Роналдо го напушти денешниот тренинг порано (ВИДЕО)

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо (36) го напушти денешниот тренинг порано од другите играчи. Португалецот тренираше нормално со остатокот од тимот, а потоа наводно се пожалил на болка во раката, па поради тоа не можел да продолжи да тренира.

Во придружба на клупскиот лекар, Португалецот го напушти тренингот порано и сега се чекаат првите информации за состојбата на легендарниот фудбалер. Роналдо во последните денови се поврзува со заминување од Јувентус. Наводно, тој сака да го промени клубот и неговата желба е трансфер во Манчестер Сити или ПСЖ.

Сепак, шансите за заминување се мали. Сити засега не може да го ангажира Кристијано, па можно е Роналдо да остане и понатаму во тимот на Јувентус барем до истекот на неговиот договор. Кристијано досега одигра вкупно 134 натпревари за Јувентус и постигна 101 гол.

 

 

 

 

 

Се вчитува...