Роналдо го навлече бесот: Зошто има специјален третман во време на коронавирус?

Ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо не го почитувал карантинот и тренирал на стадионот на Национал, пишуваат шпанските медиуми. Ситуацијата предизвика реакции кај јавноста која прашува зошто на Роналдо му е дозволено тоа, додека сите останатие се во карантин поради пандемијата од коронавирусот.

Сепак, властите на портуалскиот остров велат дека „асот“ на Јувентус нема добиено „специјална дозвола“ и дека е ист како и сите други граѓани. Регионалниот секретар за здравство изјави дека Роналдо немал специјална дозвола да тренира на стадионот, но дека тој има право да тренира и вежба ако тоа го прави во склад со правилата кои се на сила.

Роналдо доби дозвола од Јувентус периодот на пандемија да го помине во својата куќа во Мадеира, но очигледно по некое време карантин му здодеа куќата на седум спрата вредна околу осум милиони евра, па мораше да ја промени средината каде што ќе тренира.

Се вчитува...