Роналдо го предложил Кејлор Навас на Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус игра одлично во Серија А и оваа сезона, се наоѓа на врвот на табелата, но португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо сака да се оформи уште подобар тим во Торино. Затоа сака клубот да доведе дел од неговите поранешни соиграчи од Реал Мадрид. Не е тајна дека Марсело е желба на „старата дама“, но Португалецот го препорачал и голманот Кејлор Навас.

Костариканскиот интернационалец оваа сезона падна во втор план по доаѓањето на Тибо Куртоа, а Роналдо смета дека би бил одлично засилување за Јувентус. Појакот Шчешни имаше неколку слаби натпревари и се чини дека не може веднаш да се носи со товарот на голманската позиција во Јуве, каде долги години неприкосновен беше Џанлуиџи Буфон.

Се вчитува...