Роналдо го продава Ваљадолид за да го води бразилскиот фудбал

Поранешната бразилска ѕвезда Роналдо сака да го замени Едналдо Родригес на местото претседател на Бразилската фудбалска асоцијација, а светскиот шампион од 1994 и 2002 година во интервју за порталот Глобо ја најави својата кандидатура за редовните избори во март 2026 година.

„Веќе 20 години во бразилскиот фудбал владее некаква стагнација, без перспектива“, критикуваше 48-годишниот во разговорот, надополнувајќи: „Сите се незадоволни“.

Родригес, кој сега има 70 години, е обвинет за нерегуларности на изборите во 2022 година на чело на Бразилската конфедерација. Во меѓувреме, судот во државата Рио де Жанеиро го смени од функцијата, а на таа функција се врати само по налог на Врховниот суд.

Во бразилскиот фудбал, согласно статутот, можни се и предвремени избори од март 2025 година.

„Овие административни скандали, забрани, обвинувања… сето ова не му помага на бразилскиот фудбал. Мораме да обрнеме внимание, да видиме што се случува, што може да се случи и да бидеме подготвени за ситуацијата“, рече Роналдо.

Според шпанските медиуми, тој веќе почнал процедура за продажба на шпанскиот Ваљадолид, за да може да биде прв човек на бразилскиот фудбал.

Се вчитува...