Управата на Манчестер јунајтед го претстави и тертиот дрес за новата сезона. Кристијано Роналдо кој посакува трансфер во друг клуб, и овојпат беше дел од промоцијата на новата гарнитура дресови, која и не беше баш добро прифатена кај навивачите.
Станува збор за изборот на светло зелената боја, каква што досега не била користена од „ѓаволите“. Веднаш почнаа и шеговитите коментари за новите дресови, меѓу кои отскокнува еден.
„Бојата е идеална за ден од фудбалерите, кои сега полесно ќе може да се загубат на теренот, односно да се кријат од топката без да бидат забележени од тренерите и навивачите“, напиша еден од фановите на Јунајтед.
Составот од „Олд Трафорд“ новата сезона ја почна со домашен пораз од Брајтон (1-2), дебакал кој ќе се обиде да го заборави на утрешното гостување кај Брентфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

