Кристијано Роналдо нема да биде во комбинација за настап за Реал Мадрид во првиот натпревар од оваа 2017 година, што „кралевите“ утре вечер ќе го играат на домашен терен против Севилја во рамките од осминафиналето од Копа дел реј. Португалецот доби продолжен одмор по Божиќните празници, се вклучи на подготовките со задоцнување од неколку дена, па Зидан не сака да ризикува со негов настап против Севилја.
Проблемите за Зидан се уште поголеми ако се земе во предвид отсуството на двајцата најдобри дефанзивци, Серхио Рамос влече ситна повреда поради која ќе паузира кратко време, додека кај Пепе е утврдено „истегнување на мускулот од втор степен“, по што Португалецот најмалку 15 дена ќе биде надвор од терените.
Во тимот на Реал Мадрид на утрешниот натпревар ќе го нема ниту повредениот Ковачиќ, но средниот ред во секој случај ќе делува моќно со Модриќ, Крос и Кашемиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА