Брзо откако Манчестер јунајтед информираше дека го раскинале договорот со Кристијано Роналдо, стигна официјална потврда и од Португалецот.
Тој потврди дека го раскинал договорот со Манчестер јунајтед, велејќи дека секогаш ќе го сака овој клуб, но дека сега е време за нови предизвици.
„По разговори со Манчестер јунајтед, заеднички се договоривме да ставиме крај на договорот веднаш. Го сакам Манчестер јунајтед и ги сакам фановите, тоа никогаш нема да се промени. Како и да е, чувствувам дека е вистинско време за мене да побарам нов предизвик во кариерата. Му посакувам многу успех на Манчестер јунајтед во остатоткот од сезоната и во иднина“, стои во соопштението на Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

