Роналдо го спаси Ал Наср од пораз во дебито на Садио Мане за клубот (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го постигна вториот гол за само три дена спасувајќи го Ал Наср од пораз во мечот против Замалек во арапскиот Куп на шампионите.

Дуелот заврши без победник 1-1 откако Роналдо стрелаше во 87. минута за израмнување, а претходно Замалек поведе со голот на Ахмед Сајед во 53. минута.

Роналдо во самиот финиш успеа да израмни и да го спаси својот тим од пораз…

На натпреварот во дресот на Ал Наср дебитираше Садио Мане кој влезе во игра на почетокот од второто полувреме.

Ал Наср сега е на второто место со пет бода, односно една победа и две нерешени од три натпревари, додека Замалек е трет со четири бода, кои ги освои со една победа и нерешено, а имаат и пораз.

Се вчитува...