Роналдо го стигна рекордот на Ди Стефано на „Ел класико“

Максимално возбудливо е на стартот од новото „Ел Класико“, откако по само петнаесет минути игра Кејлор Навас и Тер Штеген ја вадеа топката од својата мрежа.

Прва поведе Барселона, со прекрасниот волеј удар на Луис Суарез на асистенција на Серхио Роберто, за на 1-1 да израмни Кристијано Роналдо по одличната акција што ја почна самиот Португалец, а во која учествуваа и Крос и Бензема.

Ова беше вкупно 18. погодок на Роналдо на дуелите со Барселона, со што португалскиот ас се израмни со легендарниот Алфредо ди Стефано како најдобар стрелец на „Ел Класико“ во историјата на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...