Роналдо: Горд сум, ова е пехар за цела Португалија

Кристијано Роналдо се врати во репрезентативниот дрес токму за завршниот турнир од Лигата на Нации и асот на Јувентус имаше значаен придонес во освојувањето на големиот пехар. Роналдо по завршната церемонија не ја криеше радоста од новиот репрезентативен трофеј, по оној од ЕВРО 2016.

„Горд сум и пресреќен, да го освоиме трофејот овде во Португалија, пред нашите верни навивачи, не постои поголема чест за сите нас. Знам дека ние фудбалерите дојдовме до победата на теренот, но поддршката од трибините беше неверојатна. Затоа, овој пехар е за сите Португалци“ – гордо порача Роналдо.

Извонредниот стрелец најави и дека ќе продолжи да настапува за националниот тим, иако и без негова помош оваа селекција би играла на највисоко ниво.

„Португалија ќе продолжи да игра добар фудбалер, и со мене и без мене, бидејќи овој тим поседува извонреден потенцијал. Имаме млади играчи кои се исклучително талентирани, а низ годините ќе стануваат уште подобри и подобри. Јас останувам дел од овој проект бидејќи чувствувам дека се уште можа да помогнам. Верувам во репрезентацијата и очекувам во иднина да донесе уште вакви радости за целата земја“ – оптимист е Кристијано Роналдо.

Се вчитува...