Роналдо губи и со Ал Наср: Нема финале во Суперкупот на С. Арабија во кое ќе игра Алекс Трајковски (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо ги доживува првите разочарувања и со Ал Наср во Саудиска Арабија кој не успеа да се избори за финале во Суперкупот откако во полуфиналето загуби со 3-1 на гостувањето кај Ал Итихад од Џеда.

Роналдо одигра два официјални натпревари за Ал Наср, но навивачите се уште чекаат на неговиот деби гол. Португалецот денеска го одигра целиот меч, но не постигна погодок.

Ал Итихад во финалето ќе се соочи со тимот на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, Ал Фeјха, кој се пласираше во финалето на Суперкупот на Саудиска Арабија.

 

Се вчитува...