Фудбалскиот свет синоќа беше шокиран со веста за мозочниот удар на легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон.
76-годишниот Фергусон итно беше опериран и сега е во стабилна состојба според последните информации, иако му се апсолутно неопходни мир и интензивна нега.
А, голем број фудбалски личности од целиот свет испратија пораки со поддршка за големиот Сер Алекс… Нив ги предводат, Кристијано Роналдо и Дејвид Бекам за кои Фергусон е „фудбалскиот татко“!
„Моите мисли и молитви се со тебе, мој драг пријателе. Биди јак шефе“ – напиша Роналдо на својот Твитер профил.
My thoughts and prayers are with you, my dear friend. Be strong, Boss! pic.twitter.com/kmih28Xpsq
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) May 5, 2018
А, Бекам дополни:
„Продолжи да се бориш шефе. Испраќам молитви и љубов и кон целото семејство“.
Роналдо и Бекам се само некои од оние кои се со мислите со Алекс Фергусон. Пораки за поддршка испратија и Робин Ван Перси, Макс Алегри, Месут Озил, Вејн Руни, Дидие Дрогба, Тјери Анри и сите можни клубови од Европа. Но, и голем број личности од светот на спортот од целиот свет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА