Роналдо и Брозовиќ го спасија Ал Наср од бламажа

Тимот на Ал Наср беше блиску до елиминација во азиската Лига на шампионите, но на крајот го доби плеј-оф мечот со Шабаб Ал Ахли од ОАЕ. Ѕвездите на тимот Роналдо, Брозовиќ и Талиска му донесоа триумф на скапиот тим, и станаа херои на екипата.

Ал Наср добро го почнаа мечот и поведоа со голот на Талиска во 11. минута. Но седум минути подоцна израмнување, а да биде кошмарот поголем, по паузата тимот од ОАЕ поведе.

Роналдо и другарите имаа негатива до самиот крај, кога најпрво Султан Ал Ганам израмни на две минути пред крајот на истекот на регуларното време, а потоа во петтата минута Талиска го доведе Ал Наср во преднпст, за на крајот тандемот Роналдо – Брозовиќ ја запечати победата од 4-2.

 

Се вчитува...