Роналдо и Феликс за нова победа на Ал Наср во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Наср стигнаа до третиот триумф во исто толку натпревари во домашниот шампионат оваа сезона откако вечерва во последниот дуел од 3. коло од денешната програма во првенството на Саудиска Арабија славеа над Ал Ријад со 5-1.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Жоао Феликс во 8. минута. Во 30. минута Коман зголеми на 2-0, додека до крајот на првиот дел Кристијано Роналдо донесе водство од 3-0 за домашниот тим. Oва за Португалецот е вкупно 945 погодок во кариерата.

Во вториот дел Жоао Феликс стрелаше за 4-0 во 49. минута, додека гостите постигнаа почесен погодок (4-1) преку Сила во 51. минута. Конечните 5-1 беа дело на Роналдо кој со својот втор гол на мечот стигна до бројката од 946 во кариерата.

Al Nassr [3] – 0 Al Riyadh – Cristiano Ronaldo 33'
byu/Etpolo insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...