„Роналдо и јас се забавуваме и правиме разлика на теренот“

Репрезентациите на Франција и Португалија одиграа нерешено (2-2) во последното коло од групната фаза на Европското првенство, а еден од интересните моменти беше средбата на поранешните соиграчи од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Карим Бензема.

Репрезентативецот на Франција, Карим Бензема им откри на медиумите за што разговарале со Роналдо за време на паузата.

„Кристијано Роналдо е мој добар пријател. Имавме одлична соработка во Реал, постигнавме многу голови заедно. Задоволство беше да го видам повторно. Разговаравме, си посакувавме среќа во иднина во клубовите, но и во репрезентациите, а особено да продолжиме да се забавуваме и да правиме разлика на теренот“, изјави Бензема.

Двајцата фудбалери заедно играа во „Кралскиот клуб“ од 2009 до 2018 година.

Се вчитува...