Реал Мадрид ја одбрани титулата светски клупски првак во Абу Даби, победувајќи го бразилскиот тим Гремио во финалето со 1-0, со голот на Кристијано Роналдо. За „кралевите“ тоа е трета светска титула во последните четири години, а двајца фудбалери од составот на Зинедин Зидан стигнаа до својот четврти трофеј од клупските мундијали.
Кристијано Роналдо и Тони Крос се фудбалерите кои можат да се пофалат дека четири пати во својата кариера станале светски клупски шампиони. Роналдо тоа го стори во 2008, 2014, 2016 и 2017 година, додека Тони Крос славеше во 2013, 2014, 2016 и 2017 година.
Зад нив останаа Малдини, Кафу, Иниеста, Дани Алвеш, Меси и Бускетс, кои имаат по три трофеи од Светското клупско првенство. И Македонија има свои претставници на оваа листа, Дарко Панчев и Илија Најдоски, кои во 1991 година со Црвена Звезда се искачија на врвот на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА