Роналдо и Манџукиќ му пресудија на Спал

Италијанскиот првак Јувентус стигна до 12.победа во Серија А, откако го совлада Спал на домашен терен во Торино со 2-0. Кристијано Роналдо и Марио Манџукиќ беа стрелци на головите за „старата дама“ на овој натпревар.

Тимот на Масимилијано Алегри има 37 бода на врвот на табелата и се уште е без пораз, со 12 победи и само едно реми.

Наполи, кој сега доцни девет бода зад Јувентус, утре на домашен терен го пречекува Киево, а вечерва Интер ќе биде домаќин на Фросиноне.

Се вчитува...