Британски „Телеграф“ објави денеска дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси одбиле големи спонзорски понуди од Саудиска Арабија.
Министерството за туризам на Саудиска Арабија одлучило да вложи големи средства во промоцијата на државата, а како главни промотори требало да бидат Роналдо и Меси.
Саудијците реализирале контакт со адвокатите на фудбалерите нудејќи по шест милиони евра годишно Роналдо и Меси да бидат дел од кампањата „Посетете ја Саудиска Арабија“, верувајќи дека ќе биде постигнат договор. Но, и тоа како се изненадиле откако добиле негативни одговори.
Како што пренесуваат „Телеграф“ и шпански „Ас“ и двајцата фудбалери одбиле да бидат дел од кампања во Саудиска Арабија поради кршењето на основните човекови права во оваа земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

