И со играч помалку Јувентус успеа да се извлече од негатива на гостувањето против Рома во 2. коло од Серија, на крајот ремизирајќи (2-2) благодарение само на Кристијано Роналдо.
Рома имаше во два наврати предност, но не успеја да ја зачува само поради Роналдо. Откако во првиот дел Французинот Верету донесе водство за „волчицата“ во 31. минута, Роналдо израмни на 1-1 во 44. минута, за да Верету пред паузата повторно погоди за предност на Рома од 2-1.
Во второто полувреме, во 62. минута Јувентус остана со играч помалку на терен по исклучувањето на Рабио, но тоа не го спречи Кристијано Роналдо со, за него добро познатиот, небески скок во 69. минута да донесе конечни 2-2.
? GOL DE JUVENTUS ?
68’⏱️⚽ C. Ronaldo#Roma 2️⃣ ? 2️⃣ #Juventus #SerieA ???pic.twitter.com/bsJNgfXFHA— El Forastero (@ElForastero73) September 27, 2020
„Старата дама“ избегна пораз, па сега е со четири бода од првите две кола во италијанскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА