Роналдо и Рамос две години не разговараа, но сега се повторно пријатели (ФОТО)

Репрезентациите на Португалија и Шпанија синоќа во Лисабон одиграа пријателски натпревар без голови.

Во пресрет на дуелот шпанска „Марка“ објави приказна за залаедниот однос меѓу поранешните соиграчи од Реал, Кристијано Роналдо и Серхио Рамос кои веќе две години не разговараат, а причината е Лука Модриќ.

„Марка“ пренесе дека Рамос и останатите фудбалери на Реал се дистанцирале од Роналдо поради неговата реакција кога Модриќ ја доби „Златната топка“ во 2018 година. Од тогаш се на дистанца.

Но, по синоќешниот натпревар се виде дека заклучокот на „Марка“ очигледно е малку претеран, а нивните односи се сосема во ред. По натпреварот синоќа Роналдо имаше дружба со Рамос, сето тоа овековечено и со заедничка фотографија.

 

Се вчитува...