Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност, овој пат поради условите што ги постави за да ја продолжи кариерата во саудискиот Ал Наср.
Според извори блиски до клубот, португалската ѕвезда јасно дефинирал што очекува и во тековната и во следната сезона. Неговите барања предизвикаа бројни реакции, бидејќи многумина веруваат дека Роналдо бара премногу и дека ниту еден играч не треба да биде поголем од самиот клуб.
За остатокот од тековната сезона, Роналдо бара целосно враќање на авторитетот на Хозе Семедо и Симао Кутињо, со строга гаранција дека никој од страна нема да се меша во нивната работа.
Тој, исто така, инсистира на посилна внатрешна финансиска поддршка за да може клубот да ги следи спортските амбиции што му се поставени.
Едно од клучните барања е целосно отсуство на надворешно мешање во управувањето со клубот, што, според извештаите, беше извор на незадоволство во претходниот период.
Роналдо, како капитен, бара и јасен и јавен став на клубот, што би го заштитило него и раководството од, како што се наведува, постојани напади и притисоци.
За следната сезона, барањата се уште поамбициозни и дополнително кренаа прашина во и надвор од клубот.
Португалецот сака јасна структура и прецизно дефинирани механизми за поддршка во рамките на Ал Наср, без импровизации и нејасни одлуки.
Тој особено ја нагласува потребата од трансфери кои ќе бидат на ниво на директните конкуренти, со јасна цел – освојување трофеи.
🚨🇵🇹 Cristiano Ronaldo has laid out his conditions to continue the journey with Al Nassr
For the current season
🔹 Full authority restored to José Semedo and Simão Coutinho, with a strict anti-interference guarantee
🔹 Stronger internal financial backing to support sporting… pic.twitter.com/ik1SNeSFbF— Speedline (@speedlinexx) February 8, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

