Роналдо има и големо срце: Со еден потег ги освои симпатиите од целиот свет (ВИДЕО)

Феноменалниот Кристијано Роналдо со рекорд со кој стана првиот фудбалер во историјата кој 21 година по ред успева да запише гол во националниот дрес ја предводеше Португалија до победа од 3-0 над Ирска во последната проверка пред Европското првенство.

А, пред да воодушеви со неговиот настап воодушеви со нефудбалска акција. Капитенот на Португалија го предводеше својот тим на излегувањето на теренот и тоа со посебно друштво кое го правеше болно девојче во инвалидска количка. Роналдо внимателно го водеше девојчето до теренот, а потоа за време на интонирањето на химната ја држеше за рака со што освои симпатии низ целиот свет.

Се вчитува...