Роналдо има проблем: Син ми не ми верува колку сум бил сиромашен

Кристијано Роналдо важи за најбогат фудбалер на денешницата, португалскиот ас покрај парите од плати заработува милиони и од најразлични спонзорски договори, но голгетерот на Јувентус има проблем – како да му објасни на својот син Кристијано Џуниор дека не бил отсекогаш толку богат, за да знае повеќе да го цени она што го има во моментов.

Португалецот откри дека минатата година го одвел својот највозрасен син на прошетка низ Лисабон, носејќи го во станот каде живеел додека настапувал за младинскиот тим на Спортинг.

„Сакав да види каде израснав, шетавме заедно со поранешниот цимер Паишао и влеговме во собата каде минав голем дел од детставото. Ми се сврте и праша: Зарем навистина си живеел овде, кога му одговорив сепак не ми веруваше дека е вистина. Тоа ми е најтешкиот дел од работата како родител, да ги убедам дека сето ова што го имаме, парите, автомобилите, облеката, сето тоа не ни паѓа од небо. Децата мора да научат дека се е возможно ако се работи напорно, талентот не е доволен и никако не смее да се живее по стари заслуги. Мора да разберат колку е тешко за сиромашните луѓе за повеќе да го ценат она што го имаат сега“, открива Роналдо.

Се вчитува...