Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо синоќа во Париз ја доби наградата „Златна топка“ на „Франс Фудбал“ за најдобар фудбалер во 2017 година. Тоа беше петта „Златна топка“ за него, достигнувајќи го Лионел Меси, а посакува да освои најмалку уште две до крајот на кариерата. Можеби и оптимистички план, со оглед дека има 32 години. Но, тој верува дека е најдобар во светот и се уште што да му понуди на фудбалскиот свет.
„Мислам дека можам да играм на врвно ниво уште две или три години. Во идеален случај, би можел да освојам седум „Златни топки“. И би сакал до крајот да останам во Реал Мадрид, понудите од други клубови не ме интересираат“, порача Роналдо.
Во последните пет години, Роналдо го води Меси со 4-1, кога е во прашање освојувањето на „Златната топка“. Севкупно, резултатот е израмнет (5-5), па се очекува кој ќе прејде во водство… Малку се фудбалерите кои засега можат да се вмешаат во оваа нивна пресметка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА