Роналдо: Имав понуди од цел свет, но тука имам поголема улога… би играл уште утре ако ми даде тренерот

Кристијано Роналдо по повеќе од 20 години доминација во европскиот фудбал заплива во „интернационалните“ води и во иднина ќе го носи дресот на Ал-Наср. Во Саудиска Арабија португалскиот ас доаѓа како слободен играч откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед за рекордна сума која го прави најплатениот фудбалер во светот.

На официјалното претставување во Ријад 37-годишникот изјави дека тоа е крај на неговата кариера во Европа каде освоил се што може да се освои, а додаде и дека покрај големиот број на понуди се одлучил за таа на саудиците бидејќи ќе има и друга, поголема улога.

„Многумина не знаат, но јас имав понуди и од други клубови во Европа, од Бразил, Австралија, САД па и во Португалија, но јас го дадов својот збор за овој клуб. Имам можност за развој не само на фудбалот, туку и на сите други аспекти на оваа прекрасна земја. Знам што сакам и мислам дека имам што да понудам со моето знаење и моето искуство. Сакам да помогнам и на женскиот клуб и сакам да дадам една друга визија за оваа прекрасна земја. Затоа сум тука и затоа ја прифатив оваа понуда“, вели Роналдо.

„Јас не ставам крај на кариера во Саудиска Арабија. Многу луѓе зборат и даваат мислење, но не знаат ништо за фудбалот. Фудбалот во последните 10, 15 години е различен. Сите тимови се подготвени и тоа го видовме на Светското првенство. Единствениот тим кој успеа да го победи шампионот беше Саудиска Арабија, да не заборавиме на тоа. Имаше и други изненадувања како Јужна Кореја, афричките држави, Коста Рика беа добри. Фудбалот евулира. Тука првенството е доста компетативно, луѓето не знаат за тоа, но јас гледав натпревари и се надевам дека ќе играм уште утре ако ми дозволи тренерот“

Се вчитува...