Кристијано Роналдо зад себе остави уште една одлична година со европска шампионска титула и моќен трансфер од Реал Мадрид во Јувентус. Не успеа да дојде до уште една „Златна топка“ но вели дека не е заинтересиран за индивидуалните признанија.
„Не сум опседнат со тие индивидуални награди. За мене е најваѓно да освојувам трофеи со мојот тим. Се во фудбалот е последица на колективниот успех“ – вели Роналдо во интервју за „Рекорд“, дополнувајќи дека не размислува за било какви бројки кога е на терен.
„Кога сум на терен не мислам ниту на бројки, ниту на рекорди. Сега е навистина тешко да се победува, затоа свесен сум што се треба да направам за да останам на врвот и во топ форма“.
Роналдо со семејството во моментов е во Дубаи каде го очекува признанието „Глобален фудбал“ каде е номиниран заедно со Килијан Мбапе и Антоан Гризман.
Негова најголема желба за 2019, како што вели, е да стигне до трофејот во Лигата на шампионите, но овој пат со Јувентус.
„Но, и да не се случи тоа нема да биде крај на светот“ – вели Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА