Роналдо испиша историја, па изгуби уште еден трофеј со Ал-Наср

Кристијано Роналдо повторно не стигна до трофеј со Ал Наср откако денеска во финалето од Суперкупот на Саудиска Арабија по изведување на пенали загуби од Ал Ахли со 3-5, откако по 90 минути игра беше 2-2.

Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на Едуар Менди во 41. минута и стигна до интересен јубилеј. Имено, голот за 1-0 од пенал беше 100-ти на Роналдо за саудискиот клуб, со што стана првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал најмалку 100 гола во четири различни клуба.

До крајот на првиот дел беше 1-1 откако во судиското надополнување стрелаше Кеси. Ново водство за Ал Наср (2-1) донесе Марцело Брозовиќ во 82. минута, а Ибањез во 89. израмни на 2-2, резултат кој остана по 90 минути.

Во пенал рулетот Ал Калбари промапи во четвртата серија што беше доволно за триумф на Ал Ахли од 3-5.

 

Се вчитува...