Роналдо избра: Меси е број еден, Кристијано не е ни во ТОП 5

Бразилската суперѕвезда и еден од најдобрите фудбалери во историјата, Роналдо Назарио смета дека „број еден“ и натаму е Лео Меси. Според него, Аргентинецот е најдоброто што го нуди фудбалот во моментов. Изненадувачки, Кристијано Роналдо не е ниту во изборот на петтемина најдобри.

„Меси, се разбира, е број еден. Тоа е талент за кој ќе бидат потребни 20 или 30 години за да биде надминат. Ми се допаѓаат и Салах, Азар, Нејмар, кого многу сакам да го гледам и, се разбира, Мбапе“ – изјави Роналдо.

На општо изненадување, во овој избор, или во најдобрата петорка, Роналдо воопшто не го вброи Кристијано Ронладо кој додека траеше сезоната во Јувентус покажа топ форма.

 

 

 

 

Се вчитува...