Роналдо изненади: Катар ќе биде последната станица за него во португалскиот дрес

Кристијано Роналдо заминува во репрезентативна пензија по две години. Асот на Јувентус ги изненади Португлаците по синоќешниот натпревар со Франција  објавувајќи кога ќе стави крај на настапите во националниот дрес.

Светското првенство во Катар во 2022 година ќе биде крајот на неговата кариера во националниот дрес. Тогаш тој ќе има 37 години. Во јуни 2022 година на Роналдо му истекува и договорот со Јувентус, но не се очекува да ја прекине и клупската кариера. Наводно тој е заинтересиран тогаш да се пресели во САД и да биде дел од МЛС лигата.

Кристијано Роналдо веќе 19 години е дел од португалските репрезентативни состави почнувајќи од најмладите категории. Во сениорскиот состав е од 2003 година и има 167 настапи и 101 гол.

Се вчитува...