Роналдо: Јас сум подобар фудбалер од Меси

Кристијано Роналдо го привлече вниманието на јавноста со нова интересна изјава говорејќи за неговиот вечен ривал Лионел Меси.

На гостувањето кај новинарот Морган Пирс, португалската фудбалска ѕвезда се осврна и кон прашањето кој е најдобар фудбалер на сите времиња, давајќи си предност сам себе си.

„Не се согласувам дека Меси е подобар и поуспешен од мене. Никогаш не сакам да сум скромен и ги знам моите успеси. Другите можат да имаат различни мислења, но јас верувам во својот став и во сите значајни трофеи во мојата кариера. Имам почит за Меси, тој е магичен фудбалер“, изјави Роналдо.

Се вчитува...