Роналдо јуниор како Меси: Со телохранител покрај себе на дебито за Португалија (ФОТО)

Репрезентативната кариера на Кристијано јуниор на само 14-годишна возраст стартуваше денеска во Хрватска на турнирот „Влатко Марковиќ“ кој традиционално ги собира најталентираните фудбалери од целиот свет, со дебито за репрезентацијата до 15 години на Португалија.

Младите Португалци славеа со 4-1 против Јапонија, а синот на Кристијано Роналдо влезе во игра во 51. минута од натпреварот.

Но, и тоа како впечатливо беше тоа што Кристијано јуниор на секој чекор пред мечот, за време на истиот, и по крајот во чекор беше следен од својот телохранител. Нешто слично како Лионел Меси за време на настапите за Интер Мајами во САД.

Малиот Роналдо, пак, од трибините го следеше и неговата баба Марија Долорес дос Сантош.

Се вчитува...