Кристијано Роналдо постигна погодок на „Камп ноу“ и го стигна Алфредо ди Стефано како најдобар стрелец на Реал Мадрид во историјата на „Ел класико“, но Португалецот не го прослави голот во каталонската престолнина на својот препознатлив начин.
Како што подоцна самиот откри, причина е болеста на Сер Алекс Фергусон, кој претрпе мозочен удар и се уште се наоѓа во клиника во Манчестер.
„Како да славам кога личноста која ме научи да играм фудбал пати во болница“ – кратко изјави Кристијано.
Тој отсекогаш ја потенцирал својата поврзаност со Сер Алекс, стратегот кој од Спортинг Лисабон го доведе во Премиер-лигата и го промовираше во еден од најдобрите фудбалери на денешницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА