Светот го виде Кристијано Роналдо во издание како никогаш претходно. Португалецот не можеше да се воздржи по неправдата која му беше нанесена синоќа во Белград.
Во последните секунди од мечот на португалскиот ас не му беше признат гол иако топката повеќе од очигледно ја мина гол-линијата.
Роналдо беше видно вознемирен поради сето тоа, но по силните протести единствено доби жолт картон, и потоа воопшто не сакаше да игра. Додека играта се одвиваше на центарот, најпопуларниот фудбалер на денешницата и натаму протестираше движејќи се кон соблекувалните, гестикулираше гневен, дофрлаше, ја фрли и капитенската лента, но сето тоа залудно… Нема промена на одлука!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА