Роналдо ќе добие суспензија од два меча

Кристијано Роналдо го очекува суспензија од два натпревари поради црвениот картон добиен во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија против Ал-Хилал (1-2).

Роналдо беше исклучен во 86. минута откако најпрво со лакт удри противнички играч, а по добиениот црвен картон заканувачки замавна и кон судијата на натпреварот.

Роналдо пред Дисциплинската комисија на фудбалската федерација на Саудиска Арабија се бранеше дека црвениот картон е незаслужен, а тој за цело време на мечот бил провоциран. Но, и покрај тоа, се очекува суспензија за него.

Се вчитува...