Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе биде добитник на „Златната топка“, а ласкавото признание од „ФРамс Фудбал“ за најдобар фудбалер во 2017 година ќе го прими на врвот на Ајфеловата кула во Париз. Шпанските медиуми откриваат дека напаѓачот на Реал Мадрид е добитникот на „Златната топка“, која за него ќе биде петта во кариерата, со што ќе се изедначи со Лионел Меси.
Роналдо со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и Примера, и овие трофеи се решавачки за да ја добие и „Златната топка“, иако во новата сезона игра далеку од очекувањата и се наоѓа во очајна форма, заедно со целиот тим на „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА