Роналдо ќе ја предводи Португалија на финалниот турнир во Лигата на нации

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо ќе ја предводи репрезентацијата на Португалија на финалниот турнир во Лигата на нации кој ќе се одржи на почетокот на месец јуни.

Роналдо не играше во групната фаза од натпреварувањето, но одлучи да им помогне на соиграчите во завршните два натпревари во борбата за титулата во првото издание на Лигата на нации.

Португалија на 5. јуни во полуфиналето во Порто ќе се сретне со Швајцарија, а ден подоцна во второто полуфинале ќе играат Холандија и Англија.

Финалето е закажано за 9. јуни на „Драгао“ во Порто, додека истиот ден во Гимараеш ќе се игра мечот за 3. место.

Се вчитува...