Роналдо ќе ја решава кризата со незадоволниот „бисер“ на Реал Мадрид

Ендрик потпиша за Реал Мадрид повеќе од една година пред воопшто да дојде во Шпанија, „кралевите“ платија огромни 47,5 милиони евра за бразилскиот тинејџер, но почетокот на неговата авантура во најтрофејниот европски клуб не оди според очекувањата.

Конкуренцијата во нападот на Реал е огромна, тој на осум средби во Ла Лига собра вкупно 55 минути, не добивајќи шанса да ги покаже квалитетите, поради што младиот „бисер“ се погласно го искажува незадоволството од улогата што ја има во тимот. „Кралевите“ сериозно размислуваат да го пуштат во јануари да замине на шестмесечна позајмица, а тука може да им помогне нивниот поранешен голгетер, Бразилецот Роналдо.

Добро познато е дека „феноменот“ Роналдо со години наназад е сопственик на Валјадолид, а Бразилецот сега не ја крие желбата да го донесе својот сонародник во клубот. Таму Ендик би имал загарантирана минутажа и можност да блесне на шпанската фудбалска сцена, добивајќи самодоверба што ќе му биде драгоцена во натамошниот дел од кариерата.

Флорентино Перез не ја отфрлил оваа опција, но останува да се види дали ќе бидат договорени сите детали, за Ендрик од почетокот на јануари да го облече дресот на Валјадолид.

Се вчитува...