Роналдо: Ќе ме гледате уште долго, сакам…

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека сака да игра за репрезентацијата на Португалија и на Европското првенство 2024 година кое е се одржува во Германија.

Роналдо изјави дека Светското првенство кое годинава ќе се одржи во Катар нема да биде негово последно натпреварување во дресот на Португалија.

„Мојот пат не е готов. Ќе бидам дел од Мундијалот во Катар, а сакам да играм и на ЕВРО 2024 година. Ќе ме гледате уште некое време“, изјави Роналдо. 

Роналдо во февруари следната година ќе наполни 38 години, што значи дека на шампионатот во Германија ќе има скоро 40 години.

Се вчитува...