Роналдо ќе потпише нов договор со Ал Наср!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо одлучи да остане во Ал Наср. Како што објави Фабрицио Романо, само формалности го делат 40-годишникот од продолжување на престојот во Саудиска Арабија.

Тој треба да потпише продолжување на една или две години со клубот, во зависност од тоа што би сакал играчот. Доколку се одлучи за втората опција, тоа значи дека и на 43 години професионално би се занимавал со фудбал.

Тој потпиша за Ал Наср во јануари 2023 година и оттогаш одигра 105 натпревари и постигна 93 гола. Моментално е на 938 гола во кариерата.

Минатата сезона постигна 35 гола на 41 натпревар и имаше четири асистенции.

За Португалија забележа 221 настап и постигна 138 гола. Неодамна го освои третиот трофеј со националниот тим, славејќи во финалето на Лигата на нации по втор пат во кариерата.

Се вчитува...