Роналдо ќе повлече нога: Од Ал Наср си оди и тренерот Пиоли?

Кристијано Роналдо денеска би требало да го офијализира своето заминување од Ал Наср, а информациите од Саудиска Арабија велат дека португалската суперѕвезда ќе повлече нога за коренити промени во овој клуб. Ал Наср со трансферот на Роналдо ја почна револуцијата во лигата на Саудиска Арабија, но слободно може да се каже дека овој проект не ги оправда очекувањата, не успевајќи да освои ниту еден трофеј во изминатите две сезони.

Роналдо разочаран ќе ги смени клупските бои, а веднаш по него би требало да се спакува и Стефано Пиоли. Екс-тренерот на Милан требаше да биде стратегот што ќе донесе барем еден пехар во Ал Наср, но серијата неуспеси на клучните натпревари придонесе управата да остане крајно разочарана од неговата работа, како од играта на тимот, така и од конфликтите што Пиоли во последните месеци ги имаше со дел од клучните фудбалери во екипата.

Пиоли во меѓувреме доби и интересна понуда од татковината за враќање назад во Серија А. Аталанта во следните денови ќе ја официјализира разделбата од Џампјеро Гасперини, а клубот од Бергамо го посакува токму Пиоли како предводник на долгогодишниот проект.

Италијанецот сигурно нема така лесно да се откаже од преголемата плата што ја зема во Саудиска Арабија, но доколку Ал Наср реши да го отпушти со соодветна отштета, шампионскиот тренер на Милан е подготвен да го преземе кормилото на Аталанта.

Се вчитува...